Припадниците на Армијата се вклучија во расчистувањето на последиците од силното невреме што го зафати Скопје, соопштија од Армијата.
Во објавата се наведува дека војниците без одлагање излегле на терен за да им помогнат на надлежните служби во справувањето со последиците од невремето, кое предизвика паднати дрвја, искршени гранки и отежнато движење на повеќе локации во главниот град.
Од Армијата истакнуваат дека брзата реакција, професионалноста и несебичната посветеност на нивните припадници уште еднаш ја потврдиле подготвеноста на оваа институција да им биде поддршка на граѓаните кога е најпотребно.
„По силното невреме што го зафати Скопје, припадниците на Армијата без одлагање излегоа на терен и се вклучија во расчистувањето на последиците, давајќи значаен придонес во справувањето со настанатата состојба“, наведуваат од Армијата.
Активностите за расчистување на последиците од невремето продолжуваат во координација со надлежните институции и службите на терен
