Општина Ѓорче Петров како и многу други општини во главниот град се соочува со истите проблеми, немање квалитетна инфраструктура, сообраќаен хаос, бараат нов кружен тек и се жалат на немање доволно зелени површини.
Арсовска вели дека е потребно да се вложува во сите делови од градот подеднакво, со цел рамномерно унапредување на квалитетот на животот на скопјани.
– Недозволиво е во 21 век да имаме општини во Скопје со услови за живот како да сме еден век наназад. Недозволиво е граѓани да газат по кал, да има неасфалтирани улици, да немаат вода за пиење, а да велиме дека Скопје е нашата метропола. Граѓаните со кои се среќавам секојдневно не бараат многу. Тие бараат човек, менаџер на градот кој ќе работи исклучиво на унапредување на квалитетот на живот за сите нив, кој ќе придонесува кон секојдневен раст и развој на градот, а со тоа и граѓаните ќе бидат горди дека живеат токму во Скопје. Доаѓа време на брзи и ефикасни решенија. И заедно со скопјани, знам дека ќе направиме многу затоа што е време за вистински промени, истакна Арсовска по средбата со граѓани во Ѓорче