Актуелната градоначалничка на Град Скопје Данела Арсовска е сменета од претседателка на ЗЕЛС.
Градоначалникот на Кисела Вода Орце Георгиевски е изгласан за нов претседател на ЗЕЛС.
Од Град Скопје преку соопштение реагираат дека уште еднаш на дело се покажала коалицијата помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ кои при денешното гласање во Заедница на единиците на локална самоуправа со здружени гласови на градоначалниците на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, претставници во ЗЕЛС, е разрешена градоначалничката Арсовска.