Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, упати честитка до граѓаните од исламска вероисповед по повод Рамазан Бајрам.

,,Со искрени желби за добро здравје, среќа, радост и благосостојба, на сите граѓани од исламската вероисповед им упатувам срдечни честитки по повод Рамазан Бајрам.

На првиот ден на Рамазан Бајрам, да се потсетиме на значењето на солидарноста, соживотот, толеранцијата и на меѓусебното разбирање.

Сплотени, заедно можеме многу да промениме на подобро и да придонесеме за благосостојба на сите наши сограѓани, градејќи праведно, правично и просперитетно општество во кое сите поубаво и подобро ќе живеат.”