– Градот ќе биде место каде ќе имате исполнета и среќна младост, со содржини и младински центри што ќе ви овозможат да се развивате, лично и професионално. Ќе има места каде ќе можете да се изразите, да се поврзете, дружите а истовремено и ќе учите и ќе се наградите со знаење. Ќе се овозможи заживување на културната, музичката и воопшто мултимедијалната сцена, наспроти сегашната зачмаеност, забавни содржини со интерактивен концепт, наспроти едноличната културна програма, отвореност на градот за современите и алтернативни културни движена и создавање услови каде и вие самите би можеле да се вклучите и ќе ја создавате оваа сцена во вашиот град. Заедно, со вас и вашите идеи ќе го создаваме современо и модерно Скопје, им порача Арсовска.

Арсовска со младите дискутираше на сите теми и работи што им недостигаат во забавниот и културниот живот. Младите дадоа идеи како би можел да се смени и подобри со дополнителни содржини и истакнаа дека за создавање на модерно и современо Скопје, потребно е да се пристапи интердисциплинарно и да се вклучат сите форми на израз.