Денес Владата го потпишува договорот со ЕИБ за грант на пречистителна станица во Скопје, проект во кој беше вклучен Златко Перински како директор на ЈП Водовод и канализација.

Од ВМРО-ДПМНЕ отсетуваат дека овој проект од капитално значење за скопјани беше директно саботиран од Данела Арсовска и СДСМ, лажно манипулирајќи дека е криминален и дека кадрите на ВМРО-ДПМНЕ се “со рацете во медот“.

Потпретседателката на ЕИБ, Павлова потврди дека се работи за кристално чист проект.

„Она што можам да го кажам е дека ние мора да следиме посебни правила и процедури и вршиме надзор со вонредни и редовни контроли на процесот на оваа јавна набавка, но се мина како во добар ред и има зелено светло за Водовод да го потпише договорот, рече Павлова од Европската инвестициска банка.

Денес Арсовска присуствуваше на истиот проект поради кој го разреши Перински без никаков основ.

-Арсовска се однесува како да има колективна амнезија на сеќавањето. И сега откако го одобри истиот проект, ќе се прикажува како за спасител на проектот кој го саботираше. Паднаа маските. Се видоа лагите и клеветите на Арсовска за пречистителната станица, и се потврди коалицијата Арсовска, СДС, ДУИ и Левица. Денес со Владата и СДС таа срка од истиот мед за кој говореше, но останаа груба дамка манипулациите и жестоките лаги кон претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и Златко Перински. Од лагите остана медот и срамот за Данела и владата на СДС, за народот пречистителна станица. Најмалку што може денес Арсовска и СДС да направат е да се извинат за лагите кон Мицкоски, Перински и ВМРО-ДПМНЕ. Арсовска рекла, Арсовска порекла. Арсовска си срка тоа што плукала, порачуваат од ВMРО-ДПМНЕ.