Целата прес-конференција ја пренесуваме во продолжение:

Гледам вчера МВР за еден медиум демантирала вмешаност во случајот со дрогата на Трајче Заев.

Кои сте па МВР да штитат криминал, каде што и самиот Оливер Спасовски носи одговорност бидејќи му уапсија командир на полициска станица ? Треба да се засрамете се како институција бидејќи сте неспособни и од сите страни сте пробиени како швајцарско сирење.

Сите знаат дека не може и не смее никој да работи со дрога во државава ако нема амин од Заеви или пак ако не води директно нивна операција која што тие самите ја спроведуваат за шверц на наркотици.

Три дена има класичен молк и игнорирање на најсуштинските прашања кои ја интересираат јавноста.

Наместо одговори на она кое го прашуваме неколку дена, Трајче Заев излезе да се правда со работи кои не се суштински поврзани и не ја исклучуваат неговата вмешаност во сето ова.

Трајче Заев од Дубаи демантирал дека Ушилковски не бил вработен во ниту една од фирмите. Наместо ова, Трајче Заев треба да каже дали Ушилковски е негов возач или не? Сите видоа, еве ја повторно онаа фамозна слика каде шерифски беше паркиран Ушилковски со Мајбах во центарот на Скопје, на Рекорд додека го чекаше да се шопингува Трајче Заев. Целиот сообраќај беше закочен заради овие двајца, ова не е фотомонтажа ова го видоа илјадници граѓани во центарот на Скопје.

Има ли поголем доказ од оваа слика, каде што јасно се гледа дека уапсениот Ушилковски му е возач на Трајче Заев?

Значи Трајче Заев лаже во демантот.

Потоа вели, комбето со фатената дрога не било во сопственост на Заеви. Па никој не рече дека е во сопственост на Заеви. Ние прашавме и повторно прашуваме, дали комбето со грчки таблици е во сопственост на фирма која е во партнерски односи со фирми на Трајче и Бобан Заеви?

Е на ова треба да го одговори Трајче Заев.

Исто Трајче Заев не даде одговор за поврзаноста на неговата фирма “Медикал 420 БГ” основана во Петрич кој што сопственици се Трајче и Бобан Заеви и поврзаноста со фирмата “Медикал 420” од Битола од каде што потекнувала дрогата.

Дали имињата се само чиста случајност на овие две фирми или навистина има поврзаност?

Доколку се чесни и искрени, а верувајте не се ниту чесни, ниту пак се искрени, бидејќи се нарко картел, нека ги објават нарко картелот Заеви сите фирми каде што учествуваат со удел и сопствеништво и дома и во странство, а се поврзани со одгледување канабис, на било кој начин. А верувајте, такви ги има многу. Еве има неколку дена да почне да ги вади уделите јавно, за да ја убедат јавноста дека немаат никаква вмешаност инкриминираност во било каков криминал поврзан со дрога/

Веќе е јасно, возачот на Трајче Заев е уапсен за дрога. Командирот на ПС Прилеп близок до Оливер Спасовски и Заев каде што може да се види и на слики е уапсен за дрога. Дрогата потекнува од фирма каде што фалат 10.000 стебла и над 200 кг марихуана, “Медикал 420”, за која што уште еднаш ќе потенцирам отворено се сомневаме дека е поврзана со некоја од фирмите на Заеви на било каков начин

Па јавно нека кажат, во кои фирми имаат удели тука и во странство, поврзани со одгледување на марихуана? Дали јавни, дали скриени удели нека ги изнесат сите и нека ја убедат јавноста дека не е така она кое што го говориме.

Нарко картелот Заеви мора да биде разбиен и да заврши во затвор. Нам не ни треба уште еден нарко травар како мексиканецот Рафаел Каро Кинтеро, што се повеќе Заеви се обидуваат да станат како него Република Македонија.

Ако Каро Кинтеро беше осуден на 40 години затвор иако беше поврзан со власта во Мексико, можат да бидат осудени и разбиени и овие.