Сведоци сме како јавност на уште една пријава за рекет од крими-кланот Заеви, каде што овој пат барале 250.000 евра во кеш. Ако некогаш се сомневавте зошто сме 111 место во светот по корупција, одговорот е затоа што Вице Заев, Зоран Заев, Васко Ковачевски, Стојан Чифлигароски, Горан Крстев, Лазе Велковски и уште многу други се на слобода и ја користат формалната и неформална моќ за рекетирање на бизнисмени и насилно одземање на нивната работа, како и за фалсификување на документи како во конкретниот случај кој што го објавивме, реагира портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.
Во продолжение следува интегрален текст од неговара прес-конференција:
Накратко она што го видовме во пријавата, фирмата Рубитон добиваат работа од РЕК Битола, Васко Ковачевски и Стојан Чифлигароски од нив бараат да им дадат половина работа од тендерот на СВ Инвест која што е во сопственост на Чифлигароски, што не е законски, потоа бараат да им го дадат целиот тендер на СВ Инвест, што исто така не е законски, за потоа да бараат лично да се однесат лично 250.000 евра, повторувам 250.000 евра во кеш во Вила Парк во Струмица директно на Вице Заев.
За на крај, големиот рекетар Вице Заев, братот на премиерот Зоран Заев да се изнервира и да им се налути на сопствениците на Рубитон, по што насилно РЕК Битола ги брка Рубитон и им прави штета од над половина милион евра и на крај работата во договор со 4 очи да ја зема СВ Инвест, фирмата која што претходно барала да ја земе работата без внимавајте ниту една машина и механизација.
Лудилото на крими-картелот Заеви отишло до таму да фалсификуваат и менуваат официјални документи од пријава на оштетените од фирмата Рубитон, се со цел само за да го избрише името и да го спасат братот на премиерот кој има невиден мерак да рекетира бизнисмени.
Ако до сега требаше да се теретат и да одговараат за едно дело, обидот за рекетирање и изнуда на 250.000 евра, дело за кое обвинителството не мрднало со прст цела една година, сега веќе има и второ дело кое треба да се истражи, кој тоа имал смелост да ги менува внатрешните листови од пријавата.
Јавното обвинителство со ваков очигледен случај, ако сеуште молчи и уште денес не отвори случај за овие 2 криминални дела, уште еднаш ќе потврди дека е само нем послушник и соработник на крими-картелот Заеви.
Горенаведените ликови кои што веќе ги споменав веќе требаше да бидат повикани во обвинителството да дадат искази и за нив да се водат соодветни процеси.
Едно треба да им биде јасно на крими-кланот Заеви. Тие го трчаат последнот круг и ниту граѓаните, ниту пак свиркачите, оние храбри граѓани кои што доставуваат материјали не им се плашат. Тие веќе се завршена приказна и она што е најважно е дека за сето ова мора да има фер процеси каде што правдата ќе биде задоволена за сите страни.
Никој не може и не смее да помине неказнето, ако барал 250.000 евра во кеш затоа што некој чесно добил тендер и бил најдобар понудувач.
Затоа, за сето ова треба да се сноси одговорност од власта, а не да плачат по медиуми фигуративно кажано како опозицијата нив ги напаѓала. Ги напаѓаме и ќе ги напаѓаме затоа што се во криминал до гуша и нема да ги оставиме на мира додека не одговараат за целиот сторен криминал онаму каде што има индиции и онаму каде што го сториле.
Нормално ќе одговараа преку едни фер процеси каде што сите страни на правда ќе бидат задоволени.