Во однос на законот за продажба на земјоделско земјиште каде што е предвидено распродажба на 50.000 хектари земјоделско земјиште по цена од 0.20 центи до 1 евра Арсовски посочи дека тоа е сулудо и надвор од памет, односно како што рече тоа е систамско уништување и распродавање на Македонија.
Некаде околу 50.000 хектари чинам требаше да се продадат по 0.20 центи и 1 евро и на тој начин да се приберат околу 300 милиони евра во Буџетот. Па видете вие да ја распродадете вие плодната почва на Република Македонија, национално богатство да распродадете за минорни 300 милиони евра тоа навистина е сулуди и надвор од памет. За што? За утре тие 300 милиони евра да ги искрадат од државата а голем дел од тие парцели да ги купи семејството Заеви. Тоа ли е планот? Тоа е системко уништување и распродавање на Република Македонија, истакна Арсовски.