Власта немаше пари за петтиот сет на мерки и затоа не го изгласа истиот иако имаа можност да го изгласаат кога гласаа доверба на влада и доверба на Заев бидејќи имаа тогаш кворум, но не го изгласаа, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, во Само вистина на Канал 5.

– Бевме обвинети дека сме го кочеле петтиот пакет мерки помош за стопанството и тоа не е точно, затоа што тој беше најавен на 16 февруари во владата и пуштен со собрание. По две недели беше свикано Собранието да се изгласа доверба на владата и на Зоран Заев. Што значи дека тогаш имало кворум Собранието, па доколку сакал Заев можеле да го изгласаат петтиот сет на мерки, истакна Арсовски.

Арсовски вели дека е убеден сум дека немаа пари во буџетот за петтиот сет на мерки и мораа да го одлагаат одредено време, а во меѓувреме бараа изговори.

– Бидејќи се обидуваа да наметнат дека опозицијата е виновна, ние самите побаравме да биде ставен само тој Закон, а не сите закони кои се само личен интерес на власта, туку само тој и да биде изгласан. Не е точно дека ВМРО-ДПМНЕ го блокира Собранието, има над 270 закони кои се во процедура во собраниските кулоари, од тие ВМРО-ДПМНЕ имал блокада само за 8 кои се суштински, а тие 8 се 3% од законите, потенцираше Арсовски.

Нагласи и дека единствен кочничар во Собранието кој ги блокира законите е самата власт бидејќи немаат стабилно мнозинство.