Денешниот епилог е токму она што го зборував изминатите денови. Воведуваат мерки, а реално на дело се неодржливи, пишува портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски на Фејсбук.

-Неколку пати напоменав дека немаат план, немаат утврдено јасен протокол за спроведување на мерките и дека мерките се промашени, како и целата стратегија на Владата за справување со пандемијата.

Денес, првиот ден по воведување на мерката, епилогот е следен:

– угостителските објекти немаат јасни насоки како да се однесуваат

– угостителските објекти немаат јасна контрола колку луѓе смеат да примат како гости и кои

– угостителите немаат контролен механизам да бидат сигурни дека некој од гостите не ги измамил и влегол со лажен сертификат, за на крајот тие да ги платат казните

– невакцинираните вработени во угостителските објекти се потенцијален ризик за пренос на Ковид-19, ако некој од нив е во период на инкубација.

– неофицијалните лица (вработени во угостителски објекти) не смеат да легитимираат граѓани

– денеска угостителските објекти се празни, прометот е “тиња” што би рекле тие самите и тоа никој нема да им го надокнади, затоа што мерките се смислувани и носени додека министрите и Заев беа на плажа.

На самиот крај, неспобни се како Влада и немаат капацитет, промашена им е стратегијата и сѐ оди на штета на граѓаните.

П.С. Од сигурни извори Ви кажувам дека дури утре Владата ќе има координативни седници за да утврди кои ќе бидат насоките за угостителите и обврските на граѓаните.