Тренерот на Арсенал, Микел Артета пред натпреварот од 33. коло на Премиер лигата со Манчестер сити го сподели своето мислење за напаѓачот на „граѓаните“ Ерлинг Халанд.
– Најдобриот план да се запре Халанд е да се спречи додавањето на топката кон него. Ова е веројатно единствениот начин, изјави Артета за „Sky Sports“.
Големото дерби кое може да биде решавачкото за шампионската титула ќе се игра вечер од 21 часот на теренот на Манчестер сити.
Пред средбата, Арсенал води во Премиер лигата со 75 бодови, пет повеќе од Манчестер сити, но „граѓаните“ имаат два натпревара помалку.