Одлуката е дел од планот наречен „Операција топло добредојде“, кој предвидува лицата кои ги исполнуваат условите ќе имаат можност да останат во Велика Британија на неодредено време, а не само пет години, како што претходно им беше понудено.

Во исто време, оние кои веќе се во Велика Британија можат да го подобрат својот статус и да бараат постојана работа, јави Би -Би -Си.

Велика Британија од 13 август евакуираше повеќе од 8.000 луѓе ги исполнува условите од планот за преселување на авганистанските државјани така наречен Авганистанска политика за преселување и помош (АРАП).