Велат дека истражувањата ја покажуваат нивната ефикасност како најдобра достапна форма за заштита од Ковид-19.

„На почетокот на пандемијата, ‘Визер’ беше пионер во воведувањето на строги здравствени и безбедносни мерки за заштита на патниците и членовите на екипажот, обезбедувајќи максимални санитарни услови и поддржувајќи физичко дистанцирање. Како што продолжува пандемијата, ‘Визер’ е меѓу првите европски авиокомпании што дополнително ги зајакна своите заштитни мерки со оваа политика, која ќе се спроведе во согласност со поддршката на локалните власти и здравствените институции низ базите на ‘Визер’“, велат од авиокомпанијата.

Жозеф Варади-извршниот директор на „Визер“ групацијата изјави: „Во ‘Визер’ нашиот приоритет број еден е здравјето и безбедноста на нашите патници и вработени. Ние имаме одговорност да ги заштитиме екипажот и патниците во авионот со у