Градот ги повика пчеларите навреме да ги заштитат пчелите

Град Скопје соопшти дека утре, 10 јули, во раните утрински часови ќе се спроведе авионска дезинсекција против ларви од комарци на подрачјето на главниот град.

Од Градот информираат дека, доколку временските услови не дозволат реализација на активноста, прскањето ќе биде одложено за првиот нареден ден со поволни временски услови, во истиот термин.

Воедно, Град Скопје апелира до пчеларите навреме да ги преземат сите неопходни мерки за заштита на пчелите за време на спроведувањето на дезинсекцијата.