Искусниот напаѓач има квалитети за кои Австрија нема алтернатива, дури и кога не е стартер како на дуелот со Македонија, а тоа го потврдува и последната изјава на Мартин Хинтерегер.
– Евентуалната суспензија за Арнаутовиќ ќе биде голем удар за нас.
– Тоа ќе биде голем проблем, Марко ни е многу потребен и очекувам позитивен исход од целиот случај. Заедно со Сабицер и Алаба, тој е наш најкреативен фудбалер и очекувам и поголема минутажа за него, – изјавил Хинтерегер.
Австрискиот репрезентативец смета дека вербалниот дуел меѓу Арнаутовиќ и Езџан Алиоски бил нешто што вообичаено се случува на терените.
– Сите сме се нашле во некоја конфронтација и сме одговориле на провокацијата. По натпреварот ќе се поздравите со истиот фудбалер и приказната завршува, – смета фудбалерот на Ајнтрахт.
Во второто коло од групната фаза, Австрија за противник ја има селекцијата на Холандија, која е прв фаворит во групата.