Тема на средбите ќе биде борбата против илегалната миграција.
Во фокусот на разговорите ќе биде и „Платформата против илегалната миграција“, иницирана минатото лето.
Според Министерството во Виена, Нехамер ќе ги посети и австриските полицајци кои се во мисијата Фронтекс во тие земји.
Заедно со Нехамер на балканската турнеја ќе патува и генералниот директор за јавна безбедност, Франц Руф, така што тема на разговорите ќе биде и борбата против организираниот криминал и тероризмот.