Денеска од страна на полициски службеници од СВР Куманово-Одделение за криминалистичка полиција-Отсек за економски криминалитет, извршена е контрола на автобус на туристичка агенција кој патува на релација од Република Македонија кон С.Р.Германија, при што од вкупно 50 патници кои се превезувале, кај 19 од нив откриени се 19 фалсификувани ПЦР тестови. По извршени проверки на тестовите било констатирано дека станува збор за фалсификувани тестови, кои биле набавени од едно лице од Струмица, по цена од 1.000 денари по тест. По комплетно расчистување и документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави – велат од МВР
Автобус полн патници со лажни ПЦР тестови тргнал за Германија
А
19 патници тргнале за Германија со фалсификувани ПЦР тестови. Сите тестовите ги набавиле кај лице од Струмица. Но полицијата им попречила во намерата да стигнат во Германија без да го направат потребниот тест за корона.