Возач на автомобил е повреден во сообраќајна несреќа која се случила во охридската населба Рача, над Хидробилошкиот завод. Автомобил со охридски регистрарски таблици е превртен на кров, објави Охрид1.

Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски ја потврди несреќата. Димовски за Охрид 1 вели изјави дека  увидни полициски екипи ги истражуваат причините за несреќата и додава дека возачот на автомобилот „рено клио“ изгубил контрола и се излизгал на патот.