Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, информираше дека утре се очекува да биде потпишан договорот за изградба на автопатот Скопје–Блаце, инвестиција вредна над 200 милиони евра, која, според него, значително ќе ја подобри поврзаноста меѓу Скопје и Приштина.
Меџити оцени дека проектот претставува важен чекор за развојот на патната инфраструктура, зајакнувањето на економската соработка и олеснувањето на комуникацијата меѓу двете држави.
„Патот Скопје–Блаце повеќе не е ветување. Тој е проект што добива своја реализација. Со години се зборуваше, а ние избравме да дејствуваме. Резултатите немаат потреба од големи зборови – тие зборуваат сами за себе“, изјави Меџити.
