Рускиот претседател Владимир Путин го повика на разговор својот американски колега Џо Бајден, само еден ден подоцна откако Бајден го нарече „убиец“ и се закани со воведување на нови санкции против Русија.

Меѓутоа, од американската страна го одбиле предогот на Путин за видео повик кој би се емитувал во живо, стои во соопштението на руското министерство за надворешни работи.

– Со жалење можеме да известиме дека американската страна го нема прифатено повикот на претседателот на Русија, Владимир Путин, за тој и американскиот претседател Џо Бајден разговараат преку видео-повик и да ги разгледаат бројните проблеми кои ги оптоваруваат односите помеѓу двете земји, стои во соопштението.

Поради тоа, Москва таквиот потег на Вашингтон го оцени како „уште една пропуштена прилика да се направи нешто за подобрување на односите помеѓу Русија и Соединетите Американски Држави“.