Одбранбениот буџет за 2022 година предвидува зголемени воени трошоци од околу пет отсто споредено со буџетот од минатата година. Конечниот документ е резултат на интензивни преговори меѓу демократите и републиканците, пред се за недоразбирања околу политиката во однос на Кина и Русија.
Законот предвидува зголемување на платите на воените службеници за 2,7 проценти и купување на авиони и бродови. Документот исто така изложува стратегија за борба со геополитичките закани, особено заканите од страна на Русија и на Кина.
Законот предвидува и 300 милиони долари воена помош за Украина, четири милијарди долари во рамките на Европската одбранбена иницијатива и 150 милиони долари за соработка во сферата на безбедноста со балтичките земји.
Законот исто така предвидува да се издвојат 7,1 милијарда долари за иницијативата за задржување во тихоокеанскиот регион. Документот вклучува и изјава за поддршка на одбраната на Тајван како и забрана за закуп на стоки произведени со користење на принудна работна сила во кинескиот автономен регион Синџанг Ујгур.
Во Законот исто така има уредба за формирање комисија од 16 членови за анализа на воената кампања во Авганистан, што заврши во август годинава.