Двајцата лидери ќе разговараат за цврстите билатерални односи меѓу САД и Кенија, како и потребата за транспарентност и отчетност во националните и меѓународните финансиски системи, се вели во соопштението.
Тоа ќе биде прва билатерална средба на Бајден како американски претседател со некој африкански лидер.
Средбата се организирана во време кога војната и хуманитарната криза во соседна Етиопија не се смируваат.
Кенија, која граничи со Етиопија, долго време има добри односи со САД, и беше партнер на Вашингтон во борбата против исламистичкиот тероризам.
Кенија овој месец претседава со Советот за безбедност на ОН, што е место што ротира месечно, и една од причините зошто Ухуру Кенијата е во САД.