Претседателот на САД, Џо Бајден синоќа оддаде почит на ветераните од војната во Авганистан и посочи дека на Америка повеќе не ѝ треба постојно воено присуство во зоните на ризик.

Изјавата на Бајден е на втората годишнина од крајот на војната во Авганистан. Тој вети продолжување на работата на ветерените за обезбедување безбедност и заштита на Америка.

-Денеска се сеќаваме на саможртвената служба на храбрите жени и мажи за време на овој конфликт кои постојано ја жртвуваа својата безбедност за безбедноста на сонародниците Американци, изјави Бајден.

Тој потсети дека во таа војна загинале 2,461 американски војници, додека 20,744 биле ранети.

-Овие војници се жртвуваа на сѐ, ризикуваа со сѐ и дадоа сѐ за нашата земја. Ние сме безгранично должни кон нив и кон нивните семејства, изјави американскиот претседател.

Додаде дека во Авганстан „демонстриравме дека за борба со терористите и тие кои сакаат да ни причинат зло не ни треба постојано воено присуство во земјата во зонита на ризик“.

Тој ги повика Американците и понатаму да ги почитуваат паднатите војници, „продолжувајќи ја нивната работа за обебзедување безбедност и заштита на земјата“.