Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека е „благодарен“ што неговиот ривал Доналд Трамп е безбеден по пукањето на митинг во Пенсилванија.

„Информиран сум за пукањето на митингот на Доналд Трамп во Пенсилванија. Благодарен сум што слушнав дека е безбеден и здрав. Се молам за него и неговото семејство и за сите оние кои беа на митингот додека чекаме дополнителни информации“, се вели во соопштението.

„Џил и јас сме благодарни на Тајната служба што го одведоа на безбедно. За ваков вид насилство нема место во Америка. Мораме да се обединиме како една нација за да го осудиме“, додаде Бајден.

Кон поранешниот американски претседател Доналд Трамп беше пукано на предизборен митинг во градот Батлер, изјави окружниот обвинител.

Напаѓачот и еден од посетителите се убиени.