Банда на Хаити киднапирала 38 лица во Порт-о-Пренс, главниот град на земјата.
Киднапирањето се случило на автопатот што го поврзува главниот град со јужниот регион, објави телесурфтв.нет.
Претседателот на хаитското Здружение на превозници, Меху Чангеук, јави дека вчера биле киднапирани 38 лица и дека зад киднапирањето стои банда од Порт-о-Пренс.
-Двата автобуса само што се наполнија со патници за да тргнат за градот Мирагоан, кога беа заробени од мажи од Вилаж де Дије, изјави лидерот на автопревозниците.
На автопатот што го поврзува главниот град со југот на земјава има дел од трасата каде што претходно се краделе возила, а тоа е опасен премин со кој од 2021 година управуваат банди и каде полициските сили не можат да влезат.