Во ЈЗУ Општа болница со проширена дејност „Борка Талески“ во Прилеп во изминатите два дена се случил вистински baby boom. Само во последните 10 часа на Одделението за гинекологија и акушерство на свет дошле седум новороденчиња, додека во последните два дена се родиле вкупно 12 бебиња.

Од болницата велат дека овој прекрасен бран на нов живот е потврда за посветената работа на тимовите од Одделението за гинекологија и акушерство и Одделението за неонатологија, кои со љубов, грижа и професионалност се грижат за мајките и нивните најмали.

На сите семејства им упатија честитки за најголемата животна радост, а на новороденчињата им посакаа здраво, среќно и безгрижно детство.