Тој не ја исклучи можноста кафулињата да се отворат следната недела ако продолжи трендот на намалување на бројот на заразени лица.
– Нема конкретна одлука на Владата, но имајќи предвид дека нема одлука за продолжување на мандатот со кој таа беше затворена, тие со голема веројатност треба да бидат отворени следната недела. Сепак, ова ќе зависи и од бројот на лица заразени со Ковид-19 и секако го чекаме и предлогот од Комисијата за заразни болести. Ние веруваме дека според трендот на инфекции, тоа најверојатно ќе се случи следната недела, изјави Бектеши.