Состојбата во Израел и Палестина е влошена во споредба со последна средба на лидерите на ЕУ и наша заложба е да запре страдањето и на луѓето двете страни, изјави денеска пред почетокот на вториот ден од Самитот на Унијата во Брисел белгискиот премиер Александер де Кро, чија земја го презема претседавањето со блокот од 1 јануари, пренесува Слободен Печат.

– Треба да се обезбеди целосен хуманитарен пристап, заложниците треба да бидат ослободени и треба да дојде до прекин на непријателствата. За да дојдеме до тоа, важен елемент е ние Европејците да имаме единствена позиција ако сакаме да играме сериозна улога во тој конфликт. А мислам дека мораме, бидејќи ќе имаме последици доколку состојбата отиде во погрешен правец, изјави Де Кро.

Тој изрази надеж дека европските лидери на денешното продолжение на Самитот ќе имаат „добра дискусија“ за оваа прашање и дека ќе успеат да усогласат заедничка позиција, со цел ЕУ да може да ја игра својата улога, бидејќи убивањето на невини цивили мора да запре.

Во врска со вчерашната одлука на Советот за старт на преговорите за членство на Украина, при чие усвојување унгарскиот премиер Виктор Орбан не бил присутен во салата во кое се одржува заседанието, Де Кро рече дека одлуката е донесена и таа ги обврзува сите 27 земји членки.