“Во текот на ноќта, 10-ти ноември, во бегалски камп на белоруско-полската граница биле пронајдени четири мажи, Курди по националност. Сите имале различни повреди и трагови од физичко насилство”, се наведува во соопштението на Телеграм.

Исто така се додава дека, според зборовите на претепаните мигранти, тие биле приведени на територијата на Полска, каде се обиделе да побараат заштита и статус на бегалци.

Судејќи по бројот на повреди, Полјаците ги малтретирале луѓето и ги исфрлиле зад бодликавата ограда, истакнува комитетот.

“На мигрантите им е пружена неопходна помош”, се додава во соопштението на ресорот.

Истовремено, полското радио “Белосток” пренесува дека две големи групи илегални мигранти се пробиле од Белорусија во Полска.

“Групите од најмалку неколку десетина луѓе ја пробиле оградата во областа Кринок во Беловеж”, додава радиото.

Од своја страна, министерот за национална одбрана Мариуш Блашчак изјавил дека биле приведени сите илегални мигранти кои вчера се пробиле во Полска.

“Тоа беше немирна ноќ. Имаше многу обиди за пробивање”, рекол министерот

Државниот граничен комитет на Белорусија во понеделникот соопштил дека голема група бегалци од земјите од Блискиот исток и Африка тргнале кон границата со Полска. Навечер граничната служба соопштила дека ситуацијата со бегалците на границата со Полска и натаму е тензична: повеќе од две илјади бегалци, вклучувајќи значителен број на жени и деца, сопреле пред полската ограда на границата. Полските сили за безбедност не ги пуштаат, а мигрантите неколку пати се обиделе да ја пресечат бодликавата жица и да влезат во Полска.