Фенстер (37) е главен уредник на „Frontier Myanmar“, еден од водечките независни сајтови во оваа азиска земја.

-Фенстер се товари по член 50 од Законот за борба против тероризам и член 124 од Кривичниот законик, изјавија адвокатите.

Тој веќе е обвинет за поттикнување и незаконско здружување, а се товари и за кршење на имиграциските закони.

Фенстер е еден од новинарите уапсени по соборувањето на демократски избраната влада на Аунг Сан Су Чи со воениот пуч во февруари.

Здружението за помош на политички затвореници на почетокот на годинава објави дека 5.224 лица се затворени во протестите против воениот удар.