-Движењето БЕСА го потврдува ставот дека без реформирани судови и без промена на стариот менталитет наследен од комунистичкиот систем, Северна Македонија секогаш ќе паѓа на испитот за приближување до вредностите на западната правда каде правдата не признава етничка или верска припадност.Затоа ги повикуваме сите надлежни институции, во случајов претседателот на државата, Стево Пендаровски, сериозно да ги сфатат чувствителните случаи и да размислат и да не го потпишат нивното помилување. Движењето БЕСА бара предвремени парламентарни избори за да и се зададе удар на старата политичка каста, која ги враќа мрачните работи кои со години ја поткопуваа и нарушуваа демократијата. Ако продолжи оваа влада, тогаш народот ќе ги искористи сите демократски средства за да го урне режимот СДСМ-ДУИ и другите помали албански партии кои ги скршнуваат двете најголеми владини партии, стои во писмената реакција.