Поранешната економска директорка на Клиниката за токсикологија Бесија Иљази, која призна вина за злоупотреба на службената положба и овластување затоа што незаконски ангажирала 17 хонорарци во оваа јавно-здравствена установа, сега со судска одлука е задолжена да ѝ ги врати на Клиниката парите што им ги исплатила на хонорарците, пренесе Слободен печат.
Универзитетската клиника за токсикологија ја тужеше поранешната економска директорка и бараше материјална и нематеријална штета. Основниот суд во Тетово досудил дека таа треба да ги врати само парите исплатени за хонорарите по основ на материјална штета во износ од 659.831 денари. Материјалната штета била утврдена со вештачење на вештак економист.
Бесија Иљази беше осудена со признание на вина за „злоупотреба на службена положба и овластување“ на условна осуда со заштитен надзор на казна затвор од 2 години која нема да се изврши ако во рок од 4 години не стори ново кривично дело.
