Министерот за финансии Фатмир Бесими очекува Законот за поддршка на плати од петтиот пакет на економски мерки да се донесе брзо и парите да им бидат распределени на компаниите кои ќе аплицираат за мерката.
Бесими рече дека за побрза реализација на мерката, се реагира со амнадман двете плати да бидат дадени одеднаш.
– Законот е почнат да се носи и се надевам дека брзо ќе биде донесен. Предвидуваме и олеснување на мерката преку амандман со кој се утврдува на 15 април работниците да ги добијат двете плати – февруарската и мартовската. За да се намалат административните постпаки предвидено е со една апликација да се аплицира за за двете плати. УЈП е подготвена да ја реализира мерката – рече Бесими.