Веќе петти ден потрагата по исчезнатиот 59 годишен гевгеличанец Илија Минов, не дава никакви резултати.

Откако во понеделникот, на 29 март, од неговата фамилија бил пријавен за исчезнат со опис дека бил виден последен пат на тој ден сабајлето облечен со зелена јакна, сини фармерки, црни чевли и кафено шалче со црни риги, до денеска освен неговиот автомобил кој бил пронајден паркиран на мостот на Вардар, од исчезнатиот Минов нема ниту трага ниту глас.

Во организираните потери од страна на полицијата, неговите роднини и пријатели, во кои беа вклучени и кучиња трагачи, темелно биле пребарани двата брега на реката Вардар каде не е пронајден никаков траг.

Полицијата и понатаму презема истражни мерки за пронаоѓање на исчезнатиот Илија Минов од Гевгелија кој на своите сограѓани им беше познат по настапите во ансамблот „Распеани гевгеличани“ и како активен планинар.