Безбедна е водата за пиење во Скопје, покажуваат резултатите по спроведените анализи, соопштија од ЈП „Водовод и канализација“.

– Неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење е добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, кој е всушност прва лабораторија во државата што го акредитира своето работење. Секторот за санитарна контрола во периодот од 25 до 29 декември зема 190 примероци за физичко-хемиска и 190 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 41 мерни места во градот Скопје, се појаснува во соопштението.

Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење – Службен весник на РМ, број 183/18, се додава во соопштението.