ЕУ бара побрзи реформи, Сараево под притисок да не заостанува
Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, порача дека Босна и Херцеговина мора значително да го забрза реформскиот процес ако сака напредок на патот кон членство во ЕУ.
За време на нејзината посета на Сараево, таа предупреди дека земјата може да остане без околу една милијарда евра европска финансиска поддршка доколку не продолжи со спроведување на неопходните реформи.
Калас истакна дека Босна и Херцеговина не смее да заостанува зад останатите држави од Западен Балкан и дека политичките лидери мора да одговорат на очекувањата на граѓаните, меѓу кои, како што наведе, околу 75 проценти го поддржуваат членството во Европската Унија.
Таа додаде дека ЕУ продолжува со процесот за избор на нов висок претставник за БиХ, оценувајќи дека тоа е важно за стабилноста на земјата и целиот регион.
