Коосновачката на фармацевтската компанија „Бионтек“, Озлем Туречи, рече дека коронавирусот сигурно ќе остане меѓу населението уште неколку години.
-Во овој момент, третата доза, која предизвикува дополнителен имунолошки одговор, само по себе дејствува заштитно за секоја постојна варијанта на вирусот, рече Туречи.
Таа, исто така, изјави дека вакцините на „Фајзер“ можеби нема да го заштитат населението од нови соеви на коронавирусот во иднина, и дека сите во компанијата мора да бидат подготвени за таква иднина со цел да преземат брзи и ефективни мерки за заштита.
–Коронавирусот започна да се контролира, но вирусот сигурно ќе остане тука меѓу нас уште неколку години, рече таа.
Основачите на компанијата „Бионтек“, Угур Шахин и Озлем Туречи се вклучени во развојот на вакцината против коронавирус од самиот почеток, а нивните напори беа препознаени на крајот на март оваа година кога го добија највисокото германско признание за развојот на вакцина против коронавирус.