Македонскиот ракометен репрезентативен голман Мартин Томовски имаше ново блескаво издание во Бундеслигата. Тој прикажа сигурна игра меѓу стативите и покрај тешкиот предизвик за неговиот клуб.

Неговиот Битигхајм гостуваше кај Рајн Некар Левен кој ја имаше улогата на фаворит и на крајот успеа да слави со резултат 30-26.

Томовски меѓу стативите беше 55 минути, во кои забележа одлични 14 интервенции на голот.

Заради своето издание, Македонецот беше најдобар играч во тимот на Битигхгајм.

Сепак, Битигхајм го чека тешка мисија во Бундеслигата за опстанок, затоа што се наоѓа на последното место на табелата.