Новогодишната прослава во Сараево беше вистински спектакл, а жителите на Босна и Херцеговина 2024 година ја дочекаа со „Црвена јабука“, „Забрањено пушење“…Покрај одличната атмосфера, овој пречек ќе остане запаметен и по интересен скеч, пишува „Н1“.

Имено, поранешниот претседател на Југославија и лидер на КПЈ, Јосип Броз Тито, на новогодишната ноќ на присутните во Сараево им се „обрати“ на и нтересен начин, а се претпоставува дека пораката е генерирана со помош на вештачка интелигенција.

По настапот на „Бомбај штампа“, на сцената излегоа водителите на новогодишната програма и „разговараа со другиот Тито“, а во еден момент се слуша воодушевувањето на публиката.

Во скечот Тито раскажа и анегдота од познатата новогодишна ноќ кога, како што наведува, Софија Лорен и Елизабет Тејлор го испратиле познатиот холивудски актер Ричард Бартон на ќебапи, а кој го глумеше Тито во филмот „Битката на Сутјеска“.

 

 

@adfood2 Josip Broz Tito se na zanimljiv način obratio sarajevskoj publici u novogodišnjoj večeri✨ #newyear #newyearseve #welcome2024 #sarajevo #bosnia #bosniaandherzegovina #balkan #fyp #foryou #viral #yugoslavia #serbia #croatia ♬ original sound – ADFood