Еден од пријавените се извини, граѓаните протестираа против одземање возила

Две лица од Битола се пријавени поради закани упатени кон полицијата за време на протестите за возачки дозволи. Независниот полициски синдикат поднесе кривична пријава и побара обвинителството веднаш да постапи и да побара притвор за нив.

Рафет Мемишовски, едно од пријавените лица, на социјалните мрежи се извини, објаснувајќи дека бил изнервиран поради одземањето на автомобилот на неговиот братучед. Тој нагласи дека повеќе нема да се заканува.

Во текот на неделава, граѓани во Битола, Штип и Прилеп протестираа со блокади на патиштата, палејќи гуми и дрва, реагирајќи на одземањето на возилата поради немање возачка дозвола.