Како што најави Министерството за транспорт, Бочварски и Момировиќ напладне на ГП Табановце ќе поделат бесплатни М-картички за патарина на граѓани на Србија. Такви картички за возила на српските туристи се доделуваат од 15. минатиот месец на ГП Табановце, во знак на благодарност до Србија поради донацијата во вакцини против Ковид 19, а со одлука на Владата.
На последниот Министерскиот совет во рамки на Транспортната заедница, Бочварски и Момировиќ разговараа за модернизација на патниот и железнички Коридор 10, како и за изградбата на заедничката железничка станица на Табановце.