Драматично утро во Индонезија.  Силен земјотрес со магнитуда од 7,7 го погоди источниот дел на земјата, по што беа регистрирани и помали бранови од цунами. Според најновите информации од спасувачките служби, најмалку 20 лица загинале, шест се повредени, а две лица останале затрупани под урнатини.

Потресот се случил во раните утрински часови во близина на островот Флорес. Најтешка е состојбата околу Маумере, каде што спасувачите пронашле повеќе жртви, додека пристапот до Нагекео, подрачјето најблиску до епицентарот, е отежнат поради свлечишта и прекинати комуникации.

Околу 2.000 жители на Нагекео биле евакуирани. Пријавени се оштетени куќи, магацини и државни објекти, прекини во снабдувањето со електрична енергија и проблеми во сообраќајот. Спасувачките екипи продолжуваат да ги пребаруваат урнатините, а целосниот размер на штетите сè уште се утврдува.