Пиењето вода од градска чешма во Гостивар пред камери, не било успех туку срам, порача денеска здружението на Венко Филипче.
Венко и оние коишто ги праќа денес пред камери, ги потсетувам што е здравствен скандал претворен во театар, вели Наум Стоилковски.
-Потсетувам дека Венко јавно ЛАЖЕШЕ, си играше театар и како министер ЗЛОУПОТРЕБИ бебе, притоа внука, за ЛАЖНО да се сними дека ја вакцинира! Фатен дека на иглата на вакцината има капаче, потоа ПРИЗНА ДЕКА ЛАЖЕЛ! И толку, никаква одговорност, како и секогаш кога Венко е фатен во лага. Денес во Македонија не владејат луѓе како Венко и тие околу него. Во Гостивар, Венко, денеска никој не лажеше, немаше капачиња на чашите како што имаше на иглата со којашто натера докторка да се снима дека вакцинира бебе коешто патем не било ниту дораснато за вакцинација, пишува Стоилковски.
„Денеска во Гостивар, Венко, никој не лажеше, во Гостивар се покажа дека се надминати хаосот и здравственото лудило зад коешто има твој потпис на поддршка и на владеењето на твоето здружение. Наместо да шириш панични лаги за Гостивар, но веројатно и за Скопје, прибери се на клиника да не те чекаат пациентите со денови по ходниците, доколку воопшто си имал и останало нешто хумано во тебе“, порача Стоилковски.
