Во текот на вчерашниот ден сите бевме сведоци на жестока реторика од Бујар Османи кој немоќно велеше дека ДУИ по секоја цена ќе биде дел од новата влада.
На оваа прес-конференција на Бујар Османи реагираше и Никола Николовски – Боемот кој вели дека ДУИ мора да отиде во опозиција.
„Победник со победник“ е завршена работа – ДУИ оди во опозиција!
ДУИ пред одење во опозиција по цели 16 години. Бујар Османи нервозен на прес-конференција се повикува на правилото „Победник со победник“, со арогантен тон им вели на новинарите „да ви нацртам“. Ретка слики за нашето општество, да се гледа ДУИ пред колапс.
Да разјасниме. ДУИ сега го сркаат тоа што го дробеле. Самите го уништија правилото на кое сега се повикуваат.
Мајскиот договор или принципот „победник со победник“ не постојат веќе, бидејќи ДУИ го прекршија во 2016 година. Тоа е завршена работа, одлуката на победникот во 2016, ДУИ, да не направи коалиција со ВМРО-ДПМНЕ го напушти тој концепт. Барањето на партнери од едната или другата страна ќе зависи од минимум принципи и од мнозинството на гласови како ќе се формира. Речиси на сите ни е јасно дека новата влада ќе биде меѓу ВМРО-ДПМНЕ и албанската опозиција.
Како и да е, на 8 мај да излеземе и да го довршиме она што го почнавме на 24 април. Да излеземе и да гласаме против погубните анти-македонски политики. Да гласаме за ДУИ конечно да отиде во опозиција.
Боемот 2.0