Тој во дописот ги прашува членовите на Судскиот совет дали е дозволено судијка да му се обраќа со зборовите: „Нека ти обезбеди семејството лаптоп, поради тоа што те гледам дотеран. Како што ти испраќаат гардероба, така нека ти купат лаптоп“, додавајќи дека на секое рочиште му се обраќа на висок и хистеричен тон.
Во останатиот дел од барањето на Јовановски, до кое дојде „А1он“, стои и дека тој веќе знае дека ќе биде осуден на највисока казна, посочувајќи дека има спрега помеѓу судијата, претседателот на судот, јавниот обвинител и политичките чинители на власта.