– По завршувањето на изборите лани во јули, со оглед на распоредот на силите во Парламентот мојот предлог беше дека навистина треба да се направи една концентрациона, заедничка влада затоа што секаква друга опција ќе води кон нестабилност и тоа се покажува неколку месеци подоцна.Сега се поставува прашањето која опција е поверојатна дали да се направи таква влада сега после 7-8 месеци со старо-новата влада или е поверајтно да се договорат и да подговат заедно некакви нови избори дали со локалните или ако нема време следната година. Но, дефинитивно нешто мора да смени затоа што е закочена работата и ќе биде закочено, премногу е хетерогена власта, а премногу е слабо мнозинството и особено што се соочуваме со едни тешки предизвици пред се со пандмеијата, со условувањето со Бугарија. Значи има некои работи кои се бараат или би рекол за кој е неоподна една силна, постабилна власт, рече тој.
Божиновски во своето гостување зборуваше и за преговорите со Бугарија и посочи дека според него не треба да се преговара со Бугарија.
– Во однос на прашањето за Бугарија сметам дека потребно е Заев и Мицкоски да седнат и другите претставници на парламентарни партии и да се направие една национална стратегија, национална рамка околу тоа што може и не може да се преговара.Мој личен став е дека ние воопшто не треба да преговараме со Бугарија, така да самите преговори со Бугарија значат дека во секој случај ние ќе губиме, тие ќе добиваат, бидејќи тие сакаат да не условуваат со нешто што беше претходно договорено. Се потпиша оној договр од Преспа кој беше непријатен, сеуште е непријатен и ќе биде непријатен за македонските граѓани, како последен услов нели бевме убедувани од цела меѓународна заедница за почеток на преговори во ЕУ. Сега наеднаш ни се наметнува некој нов услов. Ние не треба да преговараме со Бугарија и треба да се запршаше како ќе го имплементираме тој Преспански договор во услови кога ни беше ветено нешто, тој кој го ветил тоа сега не може да го исполни, додаде тој.