Во Македонија во текот на 2025 година биле регистрирани 2.185 разводи, што е зголемување од осум проценти во споредба со претходната година. Истовремено, биле склучени 10.507 бракови, односно 5,1 процент помалку отколку во 2024 година, објави „Скопје1.мк“.
Податоците покажуваат дека на секои 100 склучени бракови биле регистрирани речиси 21 развод. Со тоа продолжува трендот на зголемување на бројот на разводи и намалување на бројот на нови брачни заедници во земјава.
Официјалната статистика не ги наведува причините поради кои брачните двојки се разведуваат. Сепак, меѓу факторите што често се посочуваат се високите трошоци за живот, економската неизвесност, иселувањето и променетите животни навики.
Бројките за 2025 година уште еднаш покажуваат дека разводите се во пораст, додека бројот на склучени бракови продолжува да се намалува.
