Дали замрзнувањето на цените на основните продукти, со себе донесе бран на зголемување на цените на останатите артикли?

Владата кон крајот на минатиот месец донесе одлука за продолжување на рокот за замрзнување на цените на основните прехрамбени продукти до крајот на февруари, но иако цените на лебот, шеќерот, брашното и маслото за јадење останаа фиксни, на социјалните мрежи се споделуваат слики од енормни цени на овошје и зеленчук низ маркетите ширум земјата.

За дел од граѓаните порастот на цените е разбирлива одлука на економските оператори, бидејќи како што велат економијата не смее да трпи дополнителни штети, за други пак, истото е неприфатливо во време на на економска но и енергетска криза.

А во меѓувреме продолжува трендот на пораст на храната на светско ниво како резултат на порастот на цената на нафтата и на струјата. Индексот на цените за основните потреби на граѓаните пораснаа за 1,1 %… Дел од светските експерти веќе некој период предупредуваат дека светот може да се соочи со глобална криза со храна поради високата цена на горивото, електричната енергија и трошоците за испорака а дополнителен проблем направи сушата и лошото време во големите земјоделски земји како Бразил, Русија и Соединетите американски држави.