Остра реакција од Брисел предизвика изјавата на српската министерка Снежана Пауновиќ за Косово. Европската комесарка за проширување Марта Кос оцени дека ваквата реторика е неспоива со европските вредности и порача дека не може да замисли министер да остане на функцијата по таква јавна изјава.
Повод за реакцијата беше изјавата на Пауновиќ дека, доколку била на местото на Слободан Милошевиќ во 1998 година, „етнички би го исчистила Косово“.
Кос нагласи дека ваквите пораки не се во согласност со вредностите на кои се темели Европската Унија и дека се неприфатливи за јавен функционер.
По бројните реакции, Пауновиќ се извини, тврдејќи дека не мислела на физичко насилство, туку на создавање услови поради кои Албанците би ја напуштиле Србија.
На нејзината изјава се осврна и српскиот претседател Александар Вучиќ, кој ја оцени како непромислена, но не побара министерката да поднесе оставка.
